Тропската бура Кристобал се формира покрај југоисточниот дел на Бахамите

Од:

Тропската бура Кристобал се формира покрај југоисточниот дел на Бахамските Острови и се движи на северозапад со брзина од околу 15 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Брзината на ветерот достигнува 72 километри на час.

Кристобал почна како тропска депресија. Бурата би можела да предизвика поројни дождови во делови на Хаити и Доминиканската Република, кои може да доведат до поплави и лизгање на земјиштето, особено во планинските области.

Се очекува бурата да зајакне во следните 48 часа, насочувајќи се кон север подоцна денеска или утре.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско