Тропската бура Кристобал прерасна во ураган откако ги напушти Бахамските острови

Од:

Тропската бура Кристобал прерасна во ураган откако го напушти реонот на Бахамските острови, оставајќи зад себе поплавени региони на Карипските острови и најмалку три жртви, пренесоа американските медиуми.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека во моментов ураганит се наоѓа на околу 1.000 километри југозападно од Бермудите и има ветрови што достигнуваат 120 километри на час, а се движи на исток со брзина од четири километри на час.

Пред да прерасне во ураган, бурата предизвика поплави и откажување на воздушниот сообраќај на островите Таркс и Кајкос, каде беше пронајдено телото на едно удавено лице.

Приближно 3.600 лица беа евакуирани во Доминиканската република, а околу 640 семејства од Хаити привремено останаа без покрив над главата откако оттаму мина Кристобал.

На карипскиот остров Испањола двајца Доминиканци се удавиле, а од саботата двајца Хаитќани се водат за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско