Тропската бура Кристобал го поплави Мексико

Од:

Тропската бура Кристобал предизвика поројни дождови и големи поплави во некои делови на Мексико, но според прогнозите би можела до вечерва да премине во „тропска депресија“, соопшти американскиот Центар за урагани.

Бурата Кристобал, со брзина на ветрот од 75 километри на час, го погодила брегот на Мексико 35 километри од Сијудад дел Кармен.

Според американскиот Центар за урагани, се очекува бурата повторно да зајакне утре изутрина.

Мексиканската војска евакуирала 138 лица во градот Кампече поради поплавите кои претставувале опасност за домовите, а полицијата предупреди дека патиштата се поплавени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД