Тропска бура се приближува до Бахамите

Од:

Десетици луѓе беа евакуирани од чувствителните локации во северозападниот дел на Бахамите додека тропската бура Никол денеска се приближи до островот.

Се додава дека жителите на Флорида исто така се подготвувале за бурата, која може да зајакне до ураган, што е многу ретка појава во ноември, пренесува АП.

„Очекуваме дека бурата ќе стане ураган кога ќе се приближи до северозападните Бахами и ќе остане така додека да стигне до источниот брег на Флорида“, рече Даниел Браун – виш специјалист за урагани во Националниот центар за урагани во Мајами.

Никол е првата бура на Бахамите по Доријан, разорниот ураган од петта категорија, кој го погоди архипелагот во 2019 година.

Официјални лица на Бахамите рано денеска соопштија дека само неколку луѓе се наоѓаат во повеќе од дваесетина активирани засолништа, а поплави и прекини на струја биле пријавени во Абако пред пристигнувањето на бурата.

„Ги замолуваме луѓето да го сфатат тоа сериозно и да не чекаат до последен момент“, рече Андреа Њуболд од Единицата за управување со катастрофи за социјални услуги.

Се вели дека на жителите во најмалку три окрузи на Флорида им било наредено да ги евакуираат оддалечените острови и ниските области, како и мобилните домови, а наредбите за евакуација стапиле на сила утрово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Британија: Откажани се околу 140 летови, патници се блокирани во неколку градови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Дел од Хрватска под снежна бура: Вклучен црвен метео-аларм

А1он

Силен ветер во Сочи, едно лице загина, 12.000 луѓе без струја

Нова бура над Велика Британија, училиштата затворени, на луѓето им е кажано да работат од дома

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја