Тројца војници загинаа, тројца повредени за време на обука во Џорџија

Од:

Тројца војници загинаа, а тројца се повредени во несреќа за време на обука во воена база во американската држава Џорџија.

Војската на САД соопшти дека војниците биле во оклопно возило кога несреќата се случила, објави „Гласот на Америка“.

– Жалиме за загубата на тројцата војници и повредата на други тројца. Се молиме за семејствата погодени од оваа трагедија, се наведува во соопштението на генерал-мајор Тони Агуто, командант на Третата пешадиска дивизија во која беа настраданите војници.

Војската го оквалификува инцидентот како несреќа, но не наведе повеќе детали, додека официјални претставници од базата Форт Стјуарт засега не се изјаснија.

Базата Форт Стјуарт, основана 1940 година, е најголемата воена инсталација источно од реката Мисисипи.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама