Тројца војници убиени во југозападен Пакистан

Од:

Најмалку тројца војници загинаа, а осуммина други се повредени во синоќешниот напад на милитантите во југозападен Пакистан, соопшти војската, пренесе ДПА.

Терористите нападнале група безбедносни сили кои вршеле рутинска патрола во областа Пангор, во провинцијата Балочистан, се наведува во соопштението на Оделот за односи со јавноста на пакистанската армија (ИСПР)

Повреден офицер е однесен во воената болница во Квета, каде во критична состојба се пренесени уште пет војници.

Досега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот, додава германската агенција.

Нападот доаѓа откако четворица војници во неделата беа убиени во судир со милитантите во северозападниот племенски регион, во близина на границата со Авганистан. Во судирот загинаа и четворица терористи, наведе армијата.

Балочистан, која граничи со Авганистан и Иран, е најголемата и најнестабилна провинција во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран