Тројца од осомничените за убиството на 39-те лица во камионот на смртта ослободени со кауција

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека тројца осомничени, кои бea уапсени во врска со смртта на 39 лица пронајдени во камионот со приколка-ладилник, се ослободени со кауција.

Полицијата на југоистокот на Англија соопшти дека се ослободени 38-годишен маж и 38-годишна жена, двајцата од градот Варингтон, како и 45-годишен маж од Северна Ирска, пренесе агенцијата АП.

Тие се ослободени откако беа сослушани под сомнение за убиство и заговор за трговија со луѓе.

Телата на 39 лица беа пронајдени во средата во индустриска зона во Есекс, Англија.

Досега беа уапсени пет лица, меѓу кои и Морис Робинсон (25), кој исто така е од Северна Ирска. Тој вчера беше обвинет за убиство на 39 лица.

Британската полиција се обидува да ги идентификува жртвите по потекло од Азија. Во тек е обдукција на нивните тела.

Амбасадата на Виетнам во Лондон отвори телефонска линија за семејства кои бараат да добијат информации за нивните исчезнати членови, откако се отвори сомнеж дека најмногу од загинатите имаат виетнамско потекло.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он