Тројца американски војници застрелани од авганистански полицаец

Од:

Во јужната авганистанска провинција Хелманд тројца американски војници беа убиени од авганистански полициски командир. Американците биле застрелани откако Авганистанците ги поканиле синоќа на вечера за да разговараат за прашања за безбедноста.

Убиството било извршено во реонот на Саруан Кала, во провинцијата Хелманд. Американците биле од специјалните единици. Портпарол на НАТО потврди дека тројца американски војници се убиени од Авганистанец, но не даде детали.

Такви случаи во кои авганистански полицајци или војници пукаат врз припадници на НАТО сериозно ја поткопаа довербата меѓу сојузниците во момент кога во 2014 се подготвува ИСАФ да ја предаде контролата врз безбедноста на Авганистанците.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан