Триста воени медицински лица од НАТО и ЕУ ќе ѝ помагаат на Чешка во борбата против Ковид-19

Од:

Чешката Влада одобри план за 300 здравствени лица од земјите на НАТО и ЕУ да допатуваат во Чешка и да и помогнат на земјата поради зголемениот број на пациенти со коронавирус.

Дневниот пораст на нови случаи на коронавирус вчера се искачи на речиси 15.000 во средата., што е скоро 3.000 повеќе од претходниот рекорд поставен ден порано.

За планот сè уште е потребно одобрување од парламентот, бидејќи станува збор за припадници на странски вооружени сили. Тие ќе им помогнат на своите чешки колеги во Воената болница во Прага и во полската болница што војската ја гради за 500 пациенти.

Првата група од 28 лекари од Националната гарда на САД треба да пристигне следната недела.

Владата доби и 600 респиратори и друга медицинска опрема потребни во единиците за интензивна нега. Министерот за одбрана Љубомир Метнар вели дека НАТО ќе испрати уште 60 респиратори.

Чешка веќе два месеци се соочува со скок на инфекции, а третина од случаите се регистрирани во последните седум дена. Вкупно се потврдени 208.915 случаи и 1.739 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски