Трилатерална средба во Берлин за иранската нуклеарна програма

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска во Берлин разговараше со британскиот и францускиот колега Доминик Раб и Жан-Ив Ле Дријан за изгледите за поддршка на Заедничкиот сеопфатен план за акција за иранската нуклеарна програма, соопшти на брифинг претставничката на германската дипломатска служа Андреа Засе.

– Сакам да ве информирам дека министерот Маас денеска ги прими францускиот и британскиот колега денес во Вила Борциг (резиденција на германското Министерство за надворешни работи). Средбата почна пред неколку минути, рече таа.

Засе дополни дека фокусот на средбата е на нуклеарниот договор со Иран и потсети дека министрите неколку пати јасно ставија до знаење дека го поддржуваат почитувањето на Заедничкиот сеопфатен план за акција.

– Според наше мислење, Иран систематски го крши договорот, додаде таа.

Иднината на нуклеарниот договор беше доведена во прашање по едностраното повлекување на САД на 8 мај 2018 година и откако Вашингтон воведе санкциите против Техеран во областа на извозот на нафта. Според Иран, другите учесници, претежно Европејци, не се придржуваат во целост на своите обврски во економскиот дел од договорот, па зделката во сегашната форма нема смисла. Во врска со ова, Иран почна да ги укинува своите обврски од Заедничкиот сеопфатен план за акција поврзани со збогатување и истражување на ураниум и објави крај на овој процес на почетокот на јануари.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим