Тригодишно девојче случајно ја убило својата четиригодишна сестра

Од:

Тригодишно девојче случајно ја застрела својата четиригодишна сестра. Во моментот на трагедијата што се случи во неделата попладне во Хјустон, град во американската сојузна држава Тексас, девојчињата биле во друштво со пет возрасни лица, меѓу кои и мајката и очувот на починатото девојче.

Секој од петтемина возрасни верувал дека девојчињата ги набљудува некој друг, но никој не ги надгледувал додека биле во спалната соба, каде тригодишното девојче ја застрелало нејзината сестра со полуавтоматски пиштол, објави Гардијан.

Не се знае дали некој од присутните ќе биде обвинет за тоа што не го држел огненото оружје подалеку од дофат на децата.

„Ова изгледа како уште една трагична приказна каде што едно дете има пристап до пиштол и повреди некој друг. Нашите срца се скршени“, рече шерифот на округот Харис Ед Гонзалес, додавајќи дека „целата заедница е погодена кога детето ќе го загуби животот на овој начин“.

Тој, исто така, рече дека ова е дополнителен доказ дека сопствениците на оружје треба да сносат одговорност.

„Треба да го оставите оружјето на безбедно место. Мора да има повеќе од едноставно предупредување да не го допирате оружјето“, тврди тој.

Се уште не се објавени имињата на починатото девојче, нејзината сестра, ниту некој член на семејството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ја убил мајка си, нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса

Детали за двојното убиство во Љубљана: Душан ги застрела Рајко и Роберт по расправија за пари

(ВИДЕО) Невина жена беше во затвор 20 години за смртта на нејзините четири деца: Ја осудија на смрт, па ја помилуваа

Горан Наумовски

Две години се подготвуваше за крвна одмазда: Изет со осум истрели го одмазди убиениот брат

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

(ВИДЕО) Нови детали за убиството во Љубљана: Убиените двајца мажи наводно му должеле пари на убиецот

Горан Наумовски