Три лица загинаа откако тинејџер пукал во две училишта во Бразил

Од:

Три лица загинаа, а осум се повредени кога тинејџер од бразилскиот град Аракруз во државата Еспирито Санто отвори оган врз две училишта.

Локалната полиција соопшти дека нападите се случиле околу 10 часот по локално време, а сторителот бил тинејџер во воена униформа, пренесува „Ројтерс“.

Се трага по убиецот, а официјално се’ уште не е потврдена информацијата дека сторителот е ученик во едно од нападнатите училишта.

Гувернерот на државата Еспирито Санто, Ренато Казагранде, изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека сите расположливи сили се вклучени во истрагата.

Бразилскиот претседател Лула да Силва, кој тесно го победи Жаир Болсонаро на изборите на крајот на октомври, овој чин го нарече „апсурдна трагедија“.

Би можело да ве интересира

Пукање во Грачаница

Лула да Силва: Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините згради на 8 јануари

Ана Ололовска

Десет лица се ранети во пукање во Флорида, од кои двајца критично

Автобус со фудбалери падна од мост во Бразил, има загинати во страшна несреќа

Шестгодишен ученик во САД застрелал наставник, директорот на училиштето добил отказ

Горан Наумовски

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

Ана Ололовска