Трговскиот дефицит на Романија зголемен во февруари

Од:

Трговскиот дефицит на Романија се зголеми во февруари, бидејќи увозот се зголеми повеќе од извозот, покажаа бројките на Националниот институт за статистика објавени денеска.

Трговскиот дефицит во февруари се зголеми на 2,459 милијарди евра (2,68 милијарди долари) од 1,896 милијарди евра истиот месец минатата година, соопшти агенцијата. Во јануари трговскиот дефицит изнесуваше 2,122 милијарди евра.

Извозот се зголеми за 21,9 проценти на годишно ниво во февруари, по растот од 25,0 отсто во јануари. Увозот се зголеми за 23,8 проценти на годишно ниво во февруари, по растот од 34,8 отсто претходниот месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет