Тревога за ракетeн напад во Ерусалим, жителите известуваат за експлозии

Од:

Првпат од почетокот на израелската воена операција во Појасот Газа, денеска се огласи сирената што алармира за ракетен напад и во Ерусалим.

Според воените извештаи, утрово низ градот се слушале предупредувачки сирени. Жителите пријавиле експлозии, јави ДПА.

Од петокот, според војската, повеќе од 400 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа.

Има стравувања дека ситуацијата може дополнително да ескалира поради еврејскиот ден на пост и жалост, Тиша Б’Ав. Религиозните Евреи на овој ден тагуваат поради уништувањето на двата древни храма во Ерусалим.

Исламистичката организација Хамас, која го контролира Појасот Газа, во вечерните часови повика да се „одбрани џамијата Ал Акса на местото познато кај муслиманите како Благородно светилиште и да се спротивстават на израелските напади на светото место“.

Благородното светилиште, или ал-Харам ал-Шариф, со куполата на карпата и џамијата Ал-Акса, е третото најсвето место во исламот. За Евреите тоа е познато како Рид на храмовите, каде што биле и двата уништени храма.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ