Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО

Од:

Молдавија треба да биде „опремена по стандардите на НАТО“ за да може да и се помогне да се заштити од руската закана, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

dobivaj vesti na viber

Трас изјави дека се водат разговори со сојузниците како да им се помогне на помалите нации да се одбранат, пренесува Би-Би-Си.

Таа кажа дека е јасно дека и покрај ограничениот успех во Украина, претседателот Владимир Путин сè уште има „амбиции да создаде голема Русија“.

Молдавија, некогашна советска република, се наоѓа на југозападната граница на Украина, не се граничи со Русија, но е блиску до некои региони кои во моментов се окупирани од руските сили на југот на Украина.

Молдавија не е членка на НАТО, но поднесе барање за приклучување само две недели по инвазијата на Украина.

Трас додава дека разговорите за подобрување на одбраната на Украина со цел да се одврати идната руска агресија ќе опфатат „други ранливи земји, како Молдавија“.

-Би сакала да ја видам Молдавија опремена според стандардите на НАТО и за тоа разговараме со нашите сојузници, кажа шефицата на британската дипломатија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Финска и Шведска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО

Пендаровски на третата сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет

Катерина Павлова-Николовска

Двојно повеќе Бугари го претпочитаат НАТО отколку сојуз со Русија

Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија

Путин: Русија ќе одговори со иста мерка ако НАТО распореди војска во Финска и во Шведска

Катерина Павлова-Николовска

Далекусежни одллуки на НАТО на самитот

А1он