Трамп во посета на Јапонија – Голф, сумо и Трамп куп

Од:

Под закана од американски царини за автомобили, Јапонија се подготвува да го дочека в недела во официјална посета американскиот претседател Доналд Трамп.

Според американски медиуми, на Трамп му се подготвува „шарм офанзива” што ќе го подигне неговото его.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе оди со Трамп на голф, а потоа и на сумо натпревар, каде што Трамп ќе му додели на победникот „Трамп куп” направен во САД.

„Во сите земји во светот, јас сум почесен гостин на најголем настан што го имаа во последните 200 години”, рече Трамп.

Тој ќе биде првиот странски лидер кој ќе се сретне со новиот јапонски цар Нарухито.

Би можело да ве интересира

САД им издадоа визи на Рохани и Зариф

Во Авганистан при напад со американски дрон загинаа 30 цивили

Русија и Кина блокираа резолуција на ОН за прекин на огнот во Сирија

САД ја прекинуваат директната помош за Авганистан

Зариф: Напад од САД или од Саудиска Арабија врз Иран ќе резултира со „сеопшта војна“

Помпео: САД создаваат коалиција, сакаат мирно решение