Трамп: Верувам дека ќе победам ако се кандидирам на изборите во 2024 година

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би победил доколку се кандидира на изборите во 2024 година, додавајќи дека веќе донел одлука за неговата кандидатура и оти никој не може да влијае на тоа.

Во изјавата за „Њујорк пост“ вели дека се одлучил за кандидатура, индиректно откривајќи дека единствена недоумица е тајмингот на објавувањето на одлуката. Според „„Њујорк пост“, останува отворено прашањето само дали кандидатурата ќе ја објави пред ноемвриските избори за Конгресот или потоа.

„Веќе донесов одлука, ништо не може да влијае на тоа. Се одлучив, веќе знам дали ќе се кандидирам“, вели Трамп за денешното издание на списанието Њујорк.

Тој исто така вели дека повеќето луѓе сакаат тој да се кандидира.

„Сметам дека многу луѓе воопшто не би се кандидирале ако јас го направам тоа, доколку ги погледнете анкетите, никаде ги нема. Зборувам за мнозинството од актуелните политичари. Луѓето сакаат да се кандидирам. Се чувствувам сигурен, верувам дека ќе победам ако се кандидирам“, рече Трамп.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус

„Вашингтон пост“: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас