Tрамп утре ќе објави службена кандидатура за втор мандат

Во Орландо на Флорида утре се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да објави службена кандидатура за втор мандат, јави Си-Ен-Ен.

Оперативниот шеф на кампањата Мајкл Гласнер вели дека за тој „историски“ собир се „бара билет повеќе“. Трамп тврди дека јакне американската економија, армијата е се посилна и државата има се поголем углед.

– Пред три години луѓето му веруваа кога зборуваше дека сите други не се во право, па ќе го следи истиот инстинкт верувајќи дека може пак да победи во 2020 година, изјави политичкиот аналитичар Лари Сабато од Универзитетот во Вирџинија.

– Тоа можеби не е добра стратегија, но Трамп не е способен да ја смени насоката, додава тој.

Иако кампањата службено почнува утре, поранешната ријалити ѕвезда и трговец со недвижнини, не престана со кампања од 2016 година кога во трката влезе со театрално спуштање низ златни подвижни скалила во Трамп Тауер во Њујорк.

Тие скали станаа митски елемент во приказната на Трамп поради што неговиот зет Џаред Кушнер дури размислува сцената повторно да ја повтори во кампањата за изборите во 2020 година, објави Њујорк тајмс.

Наместо тоа, Трамп ќе биде во Амвеј центарот во Орландо каде може да се соберат 20.000 луѓе, во сојузната држава Флорида чии 29 избирачки гласови може да му помогнат да остане во Белата куќа со нов мандат како претседател.

Би можело да ве интересира

Филип Рикер неделава во Атина и Скопје

Ана Ололовска

Помпео: Мексико е еден од најважните партнери на САД

Ана Ололовска

Трамп бара конгресменките да им се извинат на САД и Израел

Ана Ололовска

Помпео: Асанж ќе им биде испорачан на САД

Ана Ололовска

Полицијата на Масачусетс ги замоли жителите да се воздржат од криминал додека не помине топлотниот бран

Олдрин: Луѓето да се вратат на Месечината и да одат на Марс