Трамп сторил повеќекратна и груба злоупотреба на претседателската власт, тврдат демократите во импичментот

Од:

Демократите од Претставничкиот дом синоќа во Сенатот настапија со серија обвинувања адресирани до американскиот претседател Доналд Трамп за „повеќекратна и груба“ злоупотреба на претседателската власт.

„Квид про кво“ (услуга за услуга) и „корупција“, „предавство“ и злоупотреба на власта во најчиста форма“, „лаги и измами“ во негова „лична политичка корист“ за „реизбор“ со „преиначување на резултатот од изборите во 2020 година“, беа некои од квалификациите што демократските обвинители ги кажаа вчера за Трамп, во нивните повеќечасовни настапи на судот за импичмент, пренесено во живо на националните телевизии.

Според нив, овие акции уставно можат да се окарактеризираат како „посебно тешки злосторства и прекршоци“, за кои тој треба да биде разрешен од функција.

Конгресменот Џеролд Надлер, еден од менеџерите (обвинителите) на импичментот, во својот настап пред сенаторите изјави дека обидите на Трамп да го натера Киев да започне истрага за Бајденови „ги олицетворуваат најстрашните грижи на татковците основоположници (на САД).

-Тоа е неправилно, тоа е незаконски, истакна Надлер.

Додаде дека сите 44 претходни претседатели „би биле шокирани длабоко во својата душа“, со акциите на 45. претседател на САД. Надлер изјави дека незаконитостите направени од Трамп „би го поцрвениле и претседателот Никсон“, кој даде оставка по скандалот Вотергејт, стравувајќи дека Конгресот може да му изгласа импичмент.

-Тоа не е политика ‘интересот на Америка на прво место’, туку ‘Доналд Трамп на прво место’, рече Надлер.

Тој се повика на професорите по уставно право кои даваа искази на сослушувањата во Претставничкиот дом лани во ноември. Експертите тогаш ја истакнаа непорекливоста на фактот за злоупотреба на власта и укажаа на можноста за подигање обвинение против на Трамп, па и да не направил конкретни кривични дела.

-Импичмент се доделува не за мали незаконски дела. Однесувањето на претседателот Трамп е постојано присутна закана, рече Надлер.

Во емоционалниот настап со кој заврши вчерашниот ден, конгресменот од Калифорнија Адам Шиф, главен менаџер на импичментот, ги повика сенаторите да увидат што е правилно а што е погрешно, и да гласаат „за“ или „против“ разрешување на Трамп по свое лично убедување.

– Правилата значат, вистината значи. Без тоа сме изгубени, рече Шиф.

Демократите продолжуваат да ги изнесуваат своите аргументи и денеска. Настапот на адвокатите на Трамп ќе започне во утре, сабота, и најверојатно продолжува идната недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас