Трамп со ново обвинување до Бајден: Повлекувањето од Кабул е најголемото американско понижување во меѓународната политика

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за начинот на кој американските сили се повлекуваат од Авганистан, нарекувајќи ја целата акција „најголемо понижување на Америка во меѓународната политика“.

Трамп, кој ја разгледува можноста за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, го обвини Бајден за падот на Авганистан во рацете на талибанците, иако, потсетуваат британските медиуми, повлекувањето на американските војници беше договорено токму за време на неговата администрација.

-Неуспешното заминување на САД од Авганистан величенствено ја покажува изразената неспособност на лидерот на нацијата, можеби на сите времиња, им рече Трамп на своите поддржувачи на вчерашниот митинг во близина на градот Калман, во американската сојузна држава Алабама.

Трамп го обвини Бајден за актуелната ситуација, изјавувајќи дека тој не го следел планот што го осмислила претходната администрација.

-Ова не е повлекување. Ова е целосно предавање, додаде Трамп.

Тој оцени дека талибанците, со кои преговарал, него го почитувале, пренесуваат британските медиуми.

Трамп верува дека брзото паѓање на Кабул во рацете на талибанците немаше да се случи доколку тој се уште беше на чело на државата.

-Можевме да го напуштиме Авганистан со чест. Всушност, требаше да излеземе со кренати чела, и наместо тоа излегуваме со нешто што е спротивно на тоа, рече поранешниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата