Трамп со нов твит дека победил на изборите

Од:

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска продолжи да објавува на Твитер како е извршена изборна кражба и дека тој е победник на изборите.

– Победив на изборите, напиша Трамп пред неколку часа, а потоа истакна дека пребројувањето на гласовите во Џорџија е лажно.

Засега, само од изутринава, двапати објави дека тој е победник, на што Твитер му постави предупредување и на двата твита.

Трамп се фалеше и дека вакцината против коронавирусот доаѓа во неговиот мандат, додавајќи дека медиумите со лажни вести се обидуваат да му ги украдат изборите.

– Нема да им го дозволиме тоа, напиша Трамп на Твитер.

Медиумите ја прогласија победата на Џо Бајден уште на 7 ноември, но Трамп одбива да го признае поразот.

Трамп вчера во еден свој твит првпат призна дека Бајден победил на претседателските избори во САД. Тој напиша дека Бајден е победник бидејќи изборите се наместени, но веднаш потоа објави и нов твит во кој тврдеше дека не признал ништо.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата