Трамп се закани со вето на предлог-законот за одбрана кој предвидува преименување на воените бази

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе стави вето на предлог-законот за одбрана за да им овозможи на воените бази, како што е Форт Браг, да останат именувани по офицерите на Конфедерацијата.

Трамп се закани на Твитер дека ќе стави вето на годишниот предлог-закон Пентагон, во вредност од 741 милијарди долари, затоа што тоа би значело дека многу воени бази, кои се именувани по истакнати историски личности на Конфедерацијата, ќе треба да бидат преименувани во рок од три години.

Сенаторската Комисија за оружени служби на САД, минатиот месец ја одобри мерката од сенаторката на Масачусетс, демократката Елизабет Ворен, за преименување на базите во рок од три години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас