Трамп се откажа од прогласување на мексикански картели за „терористички организации“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „привремено“ се повлекува од прогласување на мексикански нарко картели за „терористички организации“ на барање на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Се што е потребно за да се прогласи мексикански картели терористички организации е направено. Од правна гледна точка, ние сме подготвени за тоа “, напиша американскиот претседател на Твитер.

„Но, на барање на човек, кого јас го почитувам и кој толку добро соработуваше со нас, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, ние привремено ќе го прекинеме прогласувањето и ќе ги интензивираме нашите заеднички напори за успешна борба против овие се поопасни организации“.

Доналд Трамп ја спомена таа можност во телефонско интервју објавено на 26 ноември на веб-страницата на конзервативниот новинар Бил О’Рајли.

Три жени и шест деца на американско семејство кои живееја во северно Мексико, беа убиени на почетокот на ноември во напад најверојатно извршен од картел многу влијателен во пограничната област.
Вашингтон тогаш го повика Мексико да „објави војна“ на картелите, а Доналд Трамп рече дека САД се подготвени да му помогнат на својот јужен сосед.

Мексико ја отфрли понудата, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави на 29 ноември дека не сака американска воена интервенција во неговата земја.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД