Трамп сака Европската Унија да ги сноси сите трошоци за обнова на Украина

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака да ги префрли сите трошоци за обновата на Украина на Европската Унија, објави француското издание „Valeurs Actuelles“.

„Според републиканскиот проект, чија цена се проценува на еден трилион евра, Европската Унија ќе треба да го преземе финансирањето на обновата на Украина“, се наведува во изданието.

Авторите на материјалот нагласија и дека Соединетите Американски Држави заработиле значителни средства од производството на оружје, додека европските земји претрпеле големи загуби. Според нивното мислење, во секое сценарио американската страна ќе биде поголемиот победник, пренесува сајтот „news.mail.ru“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е подготвен за мир

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија

Деветмина загинати и 17 повредени во руски ракетен напад во Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Диверзантската група „Атеш“ и зададе сериозен удар на Москва

Украина: Убивме 17, а заробивме 12 руски војници

Горан Наумовски