Трамп: САД веднаш воведуваат нови санкции против Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД веднаш ќе воведат нови санкции против Иран, и тие ќе траат „се додека оваа земја не го смени своето однесување“.

„Како одговор на иранската агресија, САД веднаш ќе воведат дополнителни економски санкции за иранскиот режим. Рацете на Сулејмани беа натопени во крв, и од Американците и од Иранците. Требаше да се отстрани многу одамна. САД веднаш ќе наметнат дополнителни казнени санкции на иранскиот режим. Тие ќе останат додека Иран не ја промени своето однесување. Долго време, државите го толерираа деструктивното и дестабилизирачко однесување на Иран“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека додека е шеф на државата, нема да дозволи Техеран да има нуклеарно оружје.

Трамп нагласи денеска дека нацијата треба да биде „благодарна“ што ниту еден Американец не бил повреден во иранските ракетни напади врз две воени бази во Ирак.

Иран денеска истрела повеќе од 12 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност за напад истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност