Трамп сѐ поагресивен како се ближат изборите, го нарече „лудак“ ривалот Бајден

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден во анкетите за поддршка пред изборите закажани за 3 ноември, денеска го нарече својот противкандидат „лудак“.

„Тој е забеган со години и тоа го знаат сите“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека „медиумите се чувствуваат непријатно со него, а потоа се обидуваат да го заштитат“.

„Сигурно забележавте како негативна страна дека тој (Бајден) има многу слаб коефициент на интелигенција и дека никој никогаш тоа не го спомна! Лажна вест”, напиша американскиот претседател.

Трамп веќе неколку дена објавува голем број невообичаено агресивни пораки на Твитер, а вчера, по три дена поминати во болница поради инфекцијата со коронавирусот, тој твитна: „Медиумите за лажни вести сакаат да зборуваат само за коронавирусот“.

Според последните анкети, на помалку од еден месец пред претседателските избори во САД, 41 процент од граѓаните би гласале за Трамп, а 57 проценти за Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина