Трамп: Прекинете го бомбардирањето и убивањето во Идлиб

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Сирија и нејзиниот сојузник Русија да го прекинат „пеколното бомбардирање“ на Идлиб, покраина во северозападна Сирија, откако Кремљ во петокот објави дека Москва ќе продолжи да ја поддржува офанзивата која сириските власти ја почнаа пред еден месец.

– Слушам дека Русија, Сирија и, во помала мера, Иран учествуваат во пеколното бомбардирање во покраината Идлиб, во Сирија, и оти убиваат голем број невини цивили. Светот го гледа тој масакр. Која е целта, што ќе постигнете? Престанете !, напиша Трамп на Твитер пред да замине во државна посета на Велика Британија.

Овие коментари доаѓаат откако сириските невладини организации во петокот ја осудија „пасивноста на меѓународната заедница за ескалацијата на сирискиот режим и неговиот руски сојузник во покраината Идлиб“, што го предизвика, како што оценуваат, „најголемиот“ бегалски бран од почетокот на војната.

На прес-конференцијата во Истанбул, претставниците на невладините организации предупредија дека хуманитарната ситуација во провинцијата секој ден е се полоша, велејќи дека во бомбардирањето загинале десетици цивили, а повеќе од 200.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови откако кон крајот на април почнале воздушните напади врз Идлиб.

Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) во петокот објави дека речиси 950 лица, воглавно борци и околу една третина цивили, загинале во последните месеци во борбите во Идлиб и околината.

Во војната во Сирија, која почна во 2011 година, досега загинале повеќе од 370 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана