Трамп повторно се огласи: Ве молам без насилство!

Од:

Во своето најново обраќање до нацијата преку соопштение испратено до Фокс Њуз, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и ги повика Американците да ги смират страстите, во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.

– Во светло на извештаите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид. Тоа е нешто за што никогаш не сум се залагал, ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите. Ви благодарам, рече Трамп, пренесува „Индепендент“.

Тој исто така ги повика „големите технолошки компании“ како Фејсбук и Твитер, да помогнат во „мирната транзиција на власта“ следната недела.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски