Трамп повика на формирање „поправедни“ социјални медиуми

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика на формирање повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која, како што рече, како републиканец ја чувствува од страна на компанијата Твитер.

Тој, исто така, го поздрави учеството на американските пратеници, кои ги повикаа извршните власти од неколку технолошки компании да сведочат во врска со разни скандали.

– Не ме чуди што Конгресот сака да учествува – и треба, напиша тој на Твитер.

Трамп има еден од најследените налози на Твитер, со речиси 60 милиони следбеници, но тој повеќе пати ја критикуваше таа компанија и нејзините конкуренти во социјалните мрежи за тоа што го нарече „пристрасност против конзервативците“.

Тој го обвини Твитер и другите технолошки компании дека ја ограничуваат видливоста на истакнатите републиканци во САД, но не достави докази кои го поткрепуваат тоа тврдење.

Извршниот директор на компанијата Твитер, Џек Дорси рече дека нема статистички значајна разлика меѓу гледањето твитови на демократите и републиканците.

Би можело да ве интересира

Трамп им нареди на американските компании да заминат од Кина

Анкета: Повеќе од половина од Американците незадоволни од политиката на Трамп

Доналд Трамп стана дедо по десетти пат

Трамп против соработката со Хуавеј, дури и ако се укине забраната

Ана Ололовска

Работници од Пенсилванија условени да се појават на митинг на Трамп или да не добијат плата

Татјана Ташкова

Шефицата на дипломатијата на Гренланд: Не сме на продажба

А1он