Трамп постепено ги повлекува војниците од Европа

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, донесе нова егзекутивна одлука која предвидува намалување на бројот на американските воени сили од Германија.

По речиси четири години откако беше избран од страна на електоратот, Трамп ја реализира својата воена стратегија за „неинтервенција во други држави“ ширум светот.

Многу воени стратези од НАТО сметаат дека таквите негови политики ќе ја ослабнат позицијата на алијансата и ќе и нанесат безбедоносна криза на Европа.

Трамп во петокот му нареди на Пентагон трајно да отстрани околу 27,5 отсто од американските војници кои се наоѓаат во најголемата база на американските воени сили во Европа.

Со таквата одлука, американскиот претседател сака да даде до знаење дека нема интерес да се „грижи“ за безбедноста на другите земји, ниту да биде во улогата на светски чувар.

Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, изрази жалење поради таквата одлука.

Според она што беше најавено пред четири години од Трамп, кога тој трчаше на претседателските избори во САД, плановите на неговата администрација беа да се намалат капацитетите во сите воени бази ширум светот.

Доколку претседателот се води според претходните негови ветувања следна на листата од европските земји за повлекување на американските сили е Полска.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски