Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му помогне на Иран во борбата против коронавирусот доколку Техеран го побара тоа.
„Ако на Иран му е потребна помош околу ова, јас сум подготвен да ја испратам“, рече Трамп на прес-конференција.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вчера ја отфрли понудата на Трамп за помош во респиратори од Вашингтон за Техеран.
Тој истакна дека Иран веќе има доволен број респиратори и дека за неколку месеци може и да ги извезува.