Трамп: Нема судир во мојот надворешнополитички тим

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп демантираше некои медиуми кои јавија дека во неговиот надворешнополитички тим има судир во врска со прашањето за заострената реторика и притисокот врз Иран.

– Сите страни, ставови и политики се покриени. Сигурен сум дека Иран наскоро ќе сака да разговара, напиша Трамп на Твитер.

Како што јавија некои американски медиуми, постојат навестувања дека американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон не гледаат баш на ист начин на политиката на САД во врска со Иран и Блискиот исток.

Трамп на Твитер наведе дека постојат различни мислења, но додаде дека, кога станува збор за донесување конечна одлука, се работи за „многу едноставен процес“.

Би можело да ве интересира

Шојгу: Русија нема да распоредува нови ракети се додека САД исто така се воздржуваат во Европа и Азија

Градоначалничка во САД добива закани по коментари за Трамп

Работници од Пенсилванија условени да се појават на митинг на Трамп или да не добијат плата

Татјана Ташкова

КЦНА: Целта на вежбите на Јужна Кореја и САД е напад врз Северна Кореја

САД го напуштија одборот на косовската Агенција за споредување и верификација на имот

Причината за смртта на Епстајн е самоубиство со бесење