Трамп нема да носи заштитна маска и покрај здравствените препораки

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да носи заштитна маска и покрај новата здравствена препорака до Американците дека треба тоа да го направат.

Како што пренесува Би Би Си, Трамп истакнал дека не може да се замисли себеси како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во Овалниот кабинет додека носи маска.

Тој нагласи дека придржувањето кон препораката за носење заштитна маска, издадена вчера, е „доброволно“.

– Не морате тоа да го правите. Не мислам дека и јас тоа ќе го направам, изјави Трамп.

Препораките кои ги издадоа центрите за контрола и превенција на болести, кои се владини советодавни агенции за јавно здравство, доаѓаат откако во САД се потврдени 270.473 заразени случаи со Ковид-19 и речиси 7.000 починати.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност