Трамп не испраќа свој претставник на сослушувањето за импичмент

Од:

Белата куќа потврди во писмо до спикерот на Одборот за правда во Претставничкиот дом дека претседателот Доналд Трамп нема да испрати својот претставник на расправата за отповикување пред тој Одбор.

Советникот на Трамп, Пат Чиполоне, во писмото до демократот Џеролд Надлер наведува дека од тимот на Трамп „не може да се очекува да учествува во дебатата се додека не бидат именувани сведоци и не е јасно дали Одборот за правда ќе му дозволи на претседателот фер процес преку дополнително сослушување“.

Членовите на демократите во Одборот за правда се уште не го коментираа одбивањето на Белата куќа да учествува во дебатата, што би бил првиот случај на директно вклучување на Трамп во процесот на отповикување, чие прво рочиште ќе се одржи в среда.

Истражители од Конгресот испитуваат дали Трамп ја злоупотребил својата моќ со условување на американската воена помош на Украина со покренување истрага за синот на поранешниот потпретседател Џозеф Бајден, кој би можел да биде противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2020 година, како и истраги за наводно украинско мешање на претседателските избори во САД во 2016 година.

Три одбори на Конгресот – за разузнавачки работи, за надворешни работи и за надзор би требало оваа недела да објават службен извештај за собрани докази откако парламентарците ќе се вратат утре од одмор поради Денот на благодарноста. Први во низата правосудни постапки ќе биде сослушувања правни експерти што е во согласност со постапката за отповикување на претседателот утврдена со американскиот Устав. Рочиштата пред одборот што е одговорен за подигнување какви било формални обвинувања против Трамп, се главен чекор кон можни обвинувања.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски