Трамп не ги признава резултатите од анкетите во кои води Бајден

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп (74) ги отфрли резултатите од последната анкета, според која, предноста на неговиот демократски противник, Џозеф Бајден, расте во јавното мислење.

– Прво и најважно, јас не губам затоа што ова се анкети без никаква врска, рече Трамп во интервјуто што го објави денеска американската телевизија Фокс њуз.

Според најновата анкета, 49 отсто од граѓаните би гласале за Бајден, а 41 отсто за Трамп.

– Бајден е неспособен да каже две реченици по ред, рече Трамп кога го прашаа дали смета дека Бајден е „сенилен“.

– Јас нема да кажам дека не е способен да биде претседател. Сепак, претседателот мора да биде паметен, силен и многу повеќе. Тој (Бајден) воопшто не излегува од неговите подземни одаи, рече Трамп.

Бајден (77) најголемиот дел од времето го поминува во својата резиденција во американската држава Делавер, од каде што прави напори во медиумската кампања пред претседателските избори закажани за ноември во САД.

Трамп исто така одби да ги признае резултатите од анкетата на Фокс њуз, според која испитаниците сметаат дека тој е помалку компетентен од Бајден. Тој предложи двајцата да полагаат тест за интелегенција за да се утврди нивната компетентност.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД