Трамп најавува распоредување повеќе војници во Полска

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша декларација за воена соработка со полскиот претседател Анджеј Дудa и најави дека САД најверојатно ќе пренесат некои трупи во Полска од други делови на Европа.

Трамп рече дека Полска ќе ги покрие трошоците за новите објекти и дека таа држава бара повеќе американски трупи.

Договорот беше потпишан на состанокот во ОН со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Трамп рече дека САД се согласиле да ја направат Полска дел од програмата што им овозможува на патниците на кои претходно им е одобрено да ги посетуваат САД 90 дена без виза.

Тој додаде дека деталите за програмата за укинување визи ќе бидат образложени „во текот на следните неколку месеци“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат