Трамп најави обелоденување на транскрипт од неговиот втор разговор со Зеленски

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Белата куќа утре ќе обелодени транскрипт од вториот разговор со претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Трамп истакна дека документот во подготовка е „многу важен“.

Претседателот ова го изјави денеска во Обединетата воена база Ендрјус во Мериленд, пред да замине за Алабама, каде ќе присуствува на футбалски натпревар.

-Ви го презентирам вториот транскрипт затоа што имав два телефонски разговори со претседателот на Украина, изјави Трамп.

Како што е веќе извесно, телефонскиот разговор со Зеленски стана повод демократите во Конгресот да отпочнат процедура за импичмент на Доналд Трамп. Во разговорот една од темите е истрага за активностите на Хантер Бајден, синот на еден од потенцијалните ривали на Трамп за претседателските избори следната година.

Веднаш по објавувањето на разговорот, Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, објави истрага за отповикување на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на САД дозволи увид во даночните документи на Трамп

А1он

Во последното деноноќие нови 120 починати од коронавирус на Флорида

А1он

Помпео: САД и ЕУ преговараат за повторно воспоставување на взаемните патувања

А1он

„Јунајтед ерлајнс“ може да испрати на неплатен одмор 36.000 илјади вработени

Ана Ололовска

Во американската сојузна држава Мисисипи најмалку 26 пратеници заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

Крамп-Каренбауер: Ако победи Бајден не значи дека Европа може да смета на Америка во областа на безбедноста

Ана Ололовска