Трамп најави можност за смена на доктор Фаучи по изборите

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека по претседателските избори може да го смени доктор Ентони Фаучи, еден од водечките американски имунолози и член на кризниот штаб на Белата куќа за борба против коронавирусот.

Несогласувањата меѓу Трамп и Фаучи се продлабочија за време на последниот, жесток бран на нови случаи на Ковид-19, поради што американскиот претседател денеска се пожали на Фаучи пред своите приврзаници, кои одговорија со скандирање „смени го Фаучи“.

Заблагодарувајќи се на предлогот, Трамп одговори дека одлуката ќе почека да поминат изборите.

Доктор Фаучи неколку пати го обвини американскиот претседател дека ги игнорирал неговите совети и откри дека не разговарал со Трамп повеќе од еден месец.

Фаучи предупреди дека Америка ја чека сериозна зима, доколку не се преземат дополнителни чекори што е можно побрзо за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски