Трамп најави „голема тужба“ за наводниот изборен фалсификат

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека неговиот адвокатски тим подготвува „голема тужба“ која наводно ќе разоткрие детали за изборниот фалсификат.

-Нашата голема судска тужба која детално ја опишува измамата со гласачките ливчиња и многу друго, ќе биде наскоро поднесена. Лажирани избори, напиша тој денеска на Твитер.

Во истиот твит тој искоментира анкета на Брајтбарт, според која 79 отсто од неговите поддржувачи сметаат дека „изборите биле украдени“.

-Тие се 100 отсто во право, и се бориме многу силно, наведе Трамп.

Сите негови тврдења за наводна изборна измама, социјалната мрежа Твитер ги означува како спорни.

И покрај тоа што Администрацијата на Трамп синоќа и формално го одобри предавањето на власта на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден, од главните медиуми прогласен за очигледен победник на претседателските изборите во САД, Трамп не се откажува од намерата да го оспорува резултатот, служејќи се со политички изјава или преку адвокати на суд.

Би можело да ве интересира

Трамп во вторник ќе излезе пред суд: Нема да му стават лисици вели неговиот адвокат

Порно ѕвездата продолжува да му се заканува на Трамп

Драматична најава на Трамп: Ќе ме уапсат во вторник

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Трамп повторно е на Јутјуб: Се вратив

Милијардерот Мардок призна: Неколку водители на Fox News ја поддржаа лагата на Доналд Трамп

Трамп води во трката за републиканска номинација следната година, Хејли последна