Трамп најави дополнување на листата за забрането патување во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез.

Трамп изјави дека неговата администрација е подготвена да додаде „неколку држави“ на спорната листа со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или кои имаат големи рестрикции за влез во Америка.

Ќе додадеме неколку земји на таа листа. Треба да останеме безбедни. Нашата земја треба да биде безбедна, истакна Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос, нагласувајќи дека имињата на тие држави „многу брзо“ ќе бидат објавени.

„Волстрит џурнал“ пишува денеска дека администрацијата на Трамп е подготвена да додаде седум африкански и азиски земји на списокот, меѓу кои се наоѓа и Нигерија.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“