Трамп најави „диви“ демонстрации во среда во Вашингтон

Од:

На денот кога американскиот Конгрес треба да ја потврди изборната победа на Џо Бајден, претседателот во заминување Доналд Трамп најави демонстрации во Вашингтон.

Според планот на организаторите, протестите треба да започнат од Обелискот во Вашингтон, потоа преку Плоштадот на Слободата до зградата на Конгресот на Капитол Хил, пренесува Си Ен Би Си.

– Ќе обезбедиме мирно одржување на протестите и насилство нема да се толерира, рече новоназначениот началник на полицијата во Вашингтон Роберт Конти во интервју за „Вашингтон пост“.

Една од причините за страв од насилство за време на собирот на приврзаници на Трамп е пораката што актуелниот претседател ја испрати преку Твитер, во која ги повикува сите оние кои го поддржуваат да дојдат на протестот што тој го нарече „Стоп за кражбата“ со најавата дека демонстрациите „ќе бидат диви“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел