Трамп најави депортација на милиони илегални имигранти од САД

Од:

Следната недела во САД ќе започне депортација на милиони илегални имигранти, напиша Трамп на Твитер.

Според него, имигрантите „ќе бидат протерани исто толку брзо како што и дошле“. За депортацијата ќе се погрижат миграциската и царинската служба на САД.

„Вашингтон Пост“ укажа дека таквите акции на властите обично се чуваат во тајност. Според весникот, најверојатно станува збор за депортација на семејства со деца. Во некои случаи тие можат да бидат разделени бидејќи децата имаат државјанство, а родителите не.

Возрасните можат да бидат депортирани додека децата се наоѓаат в школо, градинка или се на летен камп, наведува весникот.

Активистите за човекови права и опозиционерите од Демократската партија реагираа на најавата на Трамп, споредувајќи ја мигрантската политиката на Вашингтон со најлошите практики на тоталитарните режими на 20 век.

Би можело да ве интересира

Додека Ријад и Техеран меѓусебно се обвинуваат, САД подготвени за акција

„Вашингтон пост“: Фејсбук страница на американски ветерани хакирана од македонски бизнисмен

Татјана Ташкова

Трамп ќе го назначи Роберт О’Брајан на местото на Болтон

Трамп нареди зголемување на санкциите кон Иран

Пенс: САД се подготвени за одговор на нападите во Саудиска Арабија

Ана Ололовска

Иран официјално го предупреди Вашингтон: Ќе одговориме на напад

Ана Ололовска