Трамп на Ким му прикажал видео за идната благосостојба на Северна Кореја ако прифати денуклеаризација

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја, доколку земјата се согласи на откажување од нуклеарните амбиции.

Во видеото, кое потсетува на трејлер за филм, се говори за „двајца мажи, двајца лидери и една судбина“ и во него се прикажани фотографии на воени авиони и топови, додека нараторот на англиски и на корејски јазик наведува дека „новиот свет може денес да започне едно пријателство, почитување и добра волја“.

Ким во филмот е прикажан како централна фигура, која живее во клучен момент од историјата и може да стане „херој на својот народ“. – Дали ќе ја пружи раката кон мирот и ќе ужива во просперитет каков што никогаш не видел и во блескав живот или во вечна изолација, прашува нараторот во филмот.

– Тоа ние го измисливме. Му го покажав за време на состанокот кога се наближуваше неговиот крај и мислам дека му се допадна, изјави Трамп, кој попладнево од Синагпур отпатув за САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски