Трамп на 7 јануари одбил да признае дека изборите се завршени, покажува необјавена видео-снимка

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во говорот одржан ден по насилните немири на 6 јануари одбил да признае дека изборите во 2020 година се завршени и оти тој изгубил, покажува новата видео-снимка на Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува инцидентот со упадот во Капитолот.

„Не сакам да кажам дека изборите се завршени“, вели Трамп на снимката читајќи говор изготвен од неговите соработници со надеж дека тоа ќе доведе до смирување на ситуацијата, откако негови приврзаници почнаа со насилните обиди да го преобрнат изборниот пораз.

Досега неприкажаната снимка беше емитувана за време на вчерашниот состанок на комисијата на Претставничкиот дом што врши истрага за немирите и упадот на 6 јануари

„Сакам да кажам дека Конгресот ги потврди резултатите без да каже дека изборите завршија, во ред?“, вели Трамп.

Неговата најстара ќерка Иванка не се гледа на видеото, но може да се слушне како помага во уредувањето на текстот за време на подготовката на говорот.

Во верзијата на говорот што беше официјално емитувана, Трамп едноставно објави: „Сега Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари“.

Пред истражниот комитет на Претставничкиот дом синоќа беше претставено сведочењето на важни соработници на Трамп, за да ги докаже тврдењата на Комисијата дека тој со часови ги следел немирите без да преземе ништо за да ги запре.

Постои неколкучасовна дискрепанца меѓу неговиот говор на митингот кога ги повикува приврзаниците да одат во Капитол и објавувеното видео во кое тој ги повикува да си одат дома.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус