Трамп: Мигрантите се закана, забранете им влез во САД

Од:

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги нападна мигрантите, велејќи им на неговите приврзаници на митингот во Мејн дека на Сомалијците и бегалците од другите „терористички земји“ треба да им се забрани влез во САД.

– Дозволуваме во земјата да влезат луѓе од терористички земји, на кои не би требало да им биде дозволено да влезат затоа што едноставно не можете ефикасно да ги проверите – истакна Трамп, чија кампања се темели на анти-миграциони ставови.

– Ние немаме претстава кои се тие. Тоа би можело да биде најголемиот тројански коњ на сите времиња – нагласи американскиот милијардер и повтори дека терористите, вклучително и припадниците на ИД, кришум ќе влезат во САД како бегалци.

– Тоа е пракса која мора да се прекине – наведе Трамп.

Тој укажа на сомалиската мигрантска популација како пример на „илјадници бегалци“ кои ја преплавија Мејн и другите сојузни држави и кои предизвикуваат проблеми.

Трамп исто така ги спомена бегалците, главно од земјите со муслиманско мнозинство – Авганистан, Ирак, Мароко, Пакистан, Филипини, Сомалија, Сирија, Узбекистан и Јемен, кои се упасени во САД поради извршување или закана дека ќе извршат насилни дела, поради учење на регрутите како да направат бомби и други видови на поддршка на терористичките групи.

– Ние имаме работа со животни – разлутено истакна Трамп, обраќајќи се на своите приврзаници и додаде дека Хилари Клинтон сака во оваа земја да дојдат уште стотини илјади лица. Ќе имаме проблем каков што никогаш не сме имале.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата