Трамп ќе оди за Флорида на денот на инаугурацијата на Бајден

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден, иако размислувал да замине на 19 јануари, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

„Тој не сака да замине како екс-претседател ниту да го позајми претседтелскиот авион…Неговиот тим работи на собирање голем број негови приврзаници кои ќе го отпратат“, наведува изворот.

Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, a планира да одржи проштален говор во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Според изворот, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски