Трамп ќе ја промовира кампањата за претседателските избори на Јутуб

Од:

Изборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп откупи рекламен простор на Јутуб што ќе го користи за промоција на кампањата за претседателските избори.

Промоцијата ќе биде на насловната страна на Јутуб од трети ноември оваа година, за кога и се закажани претседателските избори во САД.

Се уште не е познато која е сумата што Трамп ќе ја плати на Јутуб за промоција на кампањата.

Претставник на Јутуб истакна дека сите реклами што ги почитуваат политиката и правилата на Јутуб ќе можат да се појават на нивната платформа.

Во извештајот се нагласува дека поранешниот американски претседател, Барак Обама го направил истото еден ден пред изборите во 2012 година и пред Републиканската партија да објави дека Мит Ромни ќе биде нејзин кандидат за претседател.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус