Трамп: Кина многу сака трговски договор со САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Кина посакува трговски договор со САД, но тој не е посебно заинтересиран за него, освен ако не станува збор за многу добар договор.

Тој пред новинарите во Белата куќа истакна дека очекува средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на Самитот Г-20 во Јапонија, кој ќе се одржи овој месец, но Пекинг прво треба да ги смени претходните одлуки, со кои ги отфрли некои поранешни договорени чекори во врска со трговската соработка меѓу двете држави.

Трамп претходно нагласи дека новите тарифи на увозот од Кина ќе стапат во сила веднаш доколку кинескиот претседател не дојде на Самитот Г-20. Американскиот претседател, исто така, истакна и дека дополнителните тарифи на кинеска стока се подготвени да стапат во сила по одржувањето на Самитот Г-20 доколку не биде постигнат трговски договор со Кина.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел