Трамп: Јордан и Израел бараа да не ја повлекувам армијата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè уште сака сите американски трупи да се повлечат од Сирија, но оти Јордан и Израел побарале од него дел од единиците да остане во оваа блискоисточна земја.

Трамп пред новинарите во Белата куќа рече дека САД ќе смислат нешто со Курдите во источна Сирија за да се обезбеди пристап до приходите од сириската нафта.

Тој додаде и дека во тој дел од Сирија ќе испрати американска нафтена компанија за да помогне.

Трамп ја објасни својата одлука за повлекување на трупите од Сирија, наведувајќи дека САД никогаш не ветиле дека ќе ги штитат Курдите до крајот на животот и оти тој сака да ја врати дома американската војска.

– Морам да го направам она за што сум избран и морам да го сторам она што сметам дека е правилно, рече Трамп.

Трамп минатата недела соопшти дека околу 1.000 војници стационирани во североисточна Сирија ќе се вратат дома, и оти во базата на југ ќе останат околу 200 лица.

Шефот на Пентагон, Марк Еспер, рече дека ја разгледува можноста еден дополнителен контингент војници да остане во источна Сирија со сириските Курди, со цел заедно да се борат со таканаречената Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел