Трамп ја започна својата трета претседателска кампања за Белата куќа

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја започна својата трета претседателска кампања за Белата куќа, велејќи: „Враќањето на Америка започнува токму сега. Мора да ја спасиме нашата земја“.

Синоќа во салата на неговиот приватен клуб на имотот во Флорида, Трамп официјално потврди дека влегува во кампањата за претседателските избори во 2024 година, каде што, сосема веројатно, повторно би можел да го има Џозеф Бајден, кој го победи во 2020 година, како негов противник.

Трамп сега има 76 години, а Бајден за неколку дена ќе наполни 80 години.

Се разбира, Трамп прво треба да ги победи другите потенцијални кандидати во Републиканската партија, а медиумите претходно ја споменаа можноста гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој ја врати довербата на гласачите на минатонеделните избори, да размисли за претседателска кандидатура.

Трамп веднаш му порача на три децении помладиот Десантис да не размислува ни за тоа, бидејќи, како што рече, тоа нема да и се допадне на базата на партијата.

Трамп ја започна својата трета претседателска кампања за Белата куќа, велејќи: „Враќањето на Америка започнува токму сега. Мора да ја спасиме нашата земја“.

Објавата на Трамп за неговата претседателска кандидатура дојде откако некои републиканци ја обвинија слабата работа на партијата на минатонеделните избори за Конгресот во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски